Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во телефонско интервју за телевизијата Ен-Би-Си изјави дека сè уште не разговарал со првиот човек на Руската Федерација, Владимир Путин, но додаде: „Мислам дека ќе разговараме“.
Трамп откри дека од средата наутро зборувал со „веројатно“ 70 светски лидери, вклучувајќи го и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со кого имал „многу добар разговор“, како и со украинскиот претседател Владимир Зеленски, но не откри детали од тој разговор.