Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната владина седница ќе бара решение за граѓаните кои имаат право на глас, а немаат нови документи.
Станува збор за 100.000 граѓани кои имаат над 18 години, кои се жители, немаат лични карти, но имаат пасоши со рок, но со старо име на државата.
Според Тошковски, решението би можело да биде да им се дозволи на овие граѓани да гласаат со пасошот под старото име.
Сличен предлог дојде и од Државната изборна комисија и веќе е доставен до Собранието.
Според претседателот на ДИК, засега може да се гласа само за валидни документи и меѓу нив не се вклучени пасошите со старото уставно име.