Тошковски: Низок обид на ДУИ за манипулација на јавноста

Ова е директниот одговор на министерот за внатрешни работи Министерот Панче Тошковски на прозивките на ДУИ и барањето за интерпелација по инцидентите на 28 ноември, на денот на албанското знаме.

Европскиот фронт на чело со ДУИ поднесе 4 интерпелации

„Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од страна на ДУИ особено се сами по себе контрадикторни.

Така што сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многи добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање.

Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета.

Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста!“ потенцира министерот.