Тошковски воведува поефикасен начин на издавање на лични карти

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски најави воведување на поефикасен начин на издавање на лични карти за граѓаните.

МВР од понеделник започнува со нов начин на издавање на лични карти во Скопје.

Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, довела до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои биле задолжени за достава.

,,Затоа, од понеделник, 11.03.2024г. започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта”, објави Тошковски.

Една од целите на новиот начин на издавање на нови лични карти е сите над 100 илјади луѓе на кои им се истечени или ќе им истечат до изборите да можат да гласаат за претседател и на парламентарното соочување на 8 Мај.