Од УХМР велат дека следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигнува 40°C.

Во Македонија вчера беше најтопло во Демир Капија каде беа измерени 40,5 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност.Попладне во западните делови од државава ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Топлотниот бран го зафати Балканот со температури од 40 степени во Албанија, Косово, Србија…