Германски Билд пишува дека Карл Хајнц Румениге во име на Баерн Минхен се договорил со Томас Тухел и дека младиот тренер ќе седна на клупата на Бундес првакот веќе на почетокот од следната седмица. Според тиражниот весник сите детали се минати и договорени и тоа во кус телефонски разговор.
44 годишникот од Крумбах успешно ги водеше Мајнц и Борусија Дортмунд од каде си замина на почетокот на летото.