Избегнувајќи да ги наведе извршителите на злосторството против човештвото на денешен ден во Македонија, шефот на дипломатијата Бујар Османи со (не)дипломатска објава на Твитер за годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка.
„На денешен ден во 1943 година 7.144 Евреи од Македонија беа транспортирани до логорот на смртта Треблинка од окупаторите во тоа време.
Денеска им оддаваме почит ним и на други милиони Евреи убиени во холокаустот за време на Втората светска војна.
#НиеПаметиме“, твитна Османи за злосторот организиран од владите на фашистичка Бугарија и на нацистичка Германија на 11 март 1943 година, со цел систематска елиминација на еврејското население од т.н. новоослободени територии од страна на бугарската власт, а со композиции на Бугарските државни железници (БДЖ), од кои еден вагон стои како нем сведок на грозоморниот настан во скопскиот Меморијален центар на жртвите од холокаустот на Евреите во Македонија.