Во Малага на 3. јуни ќе се одржи затворена аукција на која ќе бидат продавани украдени документи од Музејот на историјата на Југославија, јавува медиумската мрежа Антидот. Станува збор за 12 експонати кои можат да достигнат вредност од 100 илјади евра откако од “International Autograph Auctions Europe” констатирале дека станува збор за оригинали.
Се работи за 12 страници од Книгата на жалоста во Куќата на цвеќето во Белград, датираат од 1980. година и содржат записи за изрази на жалост од неколку, во тоа време, познати и важни светски државници. Посветите на Индира Ганди, Улоф Палме, Џорџ Буш, Михаил Горбачов и останатите, се дел од поголема колекција која е украдена и незабележано изнесена од Музејот во минатото, и кои сега ќе се појават на аукцијата за која веќе постои сериозна заинтересираност.