Aмериканска награда продавач на годината, која се доделува за „инвентивни“ стратегии како да се стигне до потрошувачите, за 2017 ја доби вотката со име „Титова“, објави порталот „Ad Age“.
Вотката „Титова“ за прв пат е направена во 1997 година како домашен производ во Тексас, но за само десет години, од бренд за кој никој не знаеше, се искачи на врвот на најпродаваните алкохолни пијалаци во САД, оставајќи зад себе многу познати пијалоци како „Џек Даниелс“ и „Смирноф“.