Темата „Признавање на бугарско малцинство во Албанија“ која што беше една од централните теми на агендата на бугарската министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева не се споменува во медиумите во двете земји по нејзината посета на Тирана.

Иако и во официјалната најава на посетата на Захариева беше спомената темата признавање на бугарското малцинство во Албанија во ниту едно официјално соопштение од нејзините домаќини а ниту од бугарското МНР не се споменува како предмет на разговор.

Според информациите од Албанија на бугарската гостинка и било најавено дека оваа тема не може да биде ставена на маса и покрај тоа што расте бројот на албански граѓани кои што добиваат бугарски пасоши.

Оваа позиција на бугарската гостинка и била најдиректно изложена на средбата со претседателот Илир Мета чија партија за коалиционен партнер на последните избори ја имаше партијата на Македонците во Албанија и кој најави дека во неговиот кабинет ќе има еден советник од македонската заедница.

Според предлог законот за национални малцинства Тирана не планира да признае бугарска заедница во Албанија.

Во евруари годинава на барање на бугарски европратеници Европскиот парламент изгласа резолуција со која од Албанија се бара да признае бугарско малцинство.

Официјална Софија тврди дека во Албанија живеат над 100 илјади етнички Бугари и тоа во трите региони Голо Брдо, Мала Преспа и Гора каде што е признато постоењето на македонското национално малцинство.

Захариева која во Тирана замина во рамки на балканската турнеја во која ги посетува сите западно Балкански главни градови се сретна со својот колега Дитмир Бушати и претседателот Илир Мета.