Новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и  официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Бујар Османи.

„Во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата. И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата“, по примопрадавањето на функцијата шеф на македонската дипломатија.

Муцунски е роден на 29.7.1989 во Берово. Муцунски има завршено докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2019 година. Магистерските студии ги завршил во 2011 година, а дипломирал на истиот факултет во 2009 година. Неговата академска кариера започнува како демонстратор и асистент на истиот факултет, каде што подоцна се стекнува со звање доцент.

До именувањето за министер, тој беше градоначалник на Оптина Аеродром.