Вработена во Золошката градина во Кембриџшир настрадала кога влегла, и во затворен дел се нашла очи в очи со тигар. Полицијата веднаш го затворила просторот, ги евакуирала посетителите и подоцна соопштила дека дошло до сериозен инцидент во кој има жртва.

BBC потоа јави дека станува збор за жена која била ангажирана во ЗОО градината и која загинала по нападот од дивата мачка, но нема повеќе детали за тоа како дошло до настанот и за идентитетот на настраданата.