По седумчасовната средба со грчкиот колега Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц, денеска во Виена шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, оцени дека колку поотворено и поконкретно се оди кон решавање на спорот со името, толку повеќе тешкотии излегуваат на виделина.
„Има условен напредок во преговорите, бидејќи како одиме напред доаѓаме до потешките прашања. И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување, и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за едната страна и за другата страна и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа не зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение така и тешкотиите излегуваат се повеќе на виделина“, изјави шефот на македонската дипломатија.
Следната средба во ист состав е најавена по Велигденските празници.