Животот на Роберт Фицо е во опасност, соопшти канцеларијата на словачката влада, иако претходно словачките медиуми објавија дека животот на Фицо моментално не е во опасност.

Информацијата дека животот на Фицо е во опасност беше објавена и на неговата официјална Фејсбук страница.

Во објавата се наведува и дека тој се здобил со повеќе рани и дека со хеликоптер бил пренесен во Банска Бистрица, бидејќи транспортот до Братислава би барал премногу време, со оглед на тоа дека му е потребна итна медицинска интервенција. „Следните неколку часа ќе бидат одлучувачки“, се вели во објавата.

Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фиц е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, пишува словачкиот портал SME.

Оваа информација ја потврдил извор од полицијата. Инаку, Цинтула е основач на литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачките писатели.
Фичо е ранет со неколку истрели во градите и стомакот

Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.

Тој итно бил пренесен во болница со хеликоптер и, според словачките медиуми, неговата состојба е многу сериозна.

Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.