Кичевската термоцентрала Осломеј е една од балканските термоелектрани кои што не ги исполнуваат новите европски стандарди за загадување и нема да може да функционира ако не направи соодветни промени во технологијата на производството на елсктрична енергија.
Ова е заклучокот на чешката невладина организација „ЦЕЕ Банквоч мрежа“ која што извршила мониторинг на работата на 8 термоелектрани во Западниот Балкан од кои најмалку 5 нема да ги исполнат критериумите на построгата европска регулатива.
Покрај Осломеј кандидати за затворање се и термоелектраните во Тузла, Бановичи, Угљевиќ во Босна, Костолац во Србија, „Косова е ре“ во Косово, и вториот блок на термоцентралата Пљевља во Црна Гора.
Новите стандарди на ЕУ наречени ЛЦП БРЕФ се воведени во април и тие содржат критериуми за заштита на воздухот и почвата кои што голем дел од балканските термоелетрани не можат да ги исполнат без сериозни инвестиции.