Тетово е на врвот на листата на четирите најзагадени градови во Европа објавува американската истражувачка агенција ReportLinker која што ги анализирала индустриските податоци и нивото на загадување во ЕУ и во остатокот од европскиот континент. Во групата најзагадени градови во Европа се и Торино, Киев и Рим.
Според анализата Европа има просечен индекс на загадување од околу 47,5 во 2016 година а Македонија е на врвот на најзагадените земји со индекс од околу 82 поради проблеите со загадувањето на воздухот и водата.
Според ReportLinker во 2013 година во Европа имало 71 илјада колектори за пречистување во 28 земји членки на ЕУ а вкупниот бизнис во овој сектор до крајот на годината ќе ја надмине сумата од 37,6 милијарди евра.
Европа во спредба со сите други континенти е значително позагадена а континентот и во иднина ќе се соочува со овој проблем поради високиот број на автомобили, употреба на хемиски средства во земјоделието, загадувањето од нафтени деривати.
Дел од решенијата за намалувањето на загадувањето во ЕУ се земјоделие кое што не ја нарушува животната средина, енергетска ефикасност и „зелена инфраструктура“, пишува во соопштението Reportlinker.