Тероризам во Манчестер: 19 загинати и 50 повредени на концерт

19 лица загинале во Манчестер арена, а двојно повеќе се повредени по серијата експлозии за време на концертот на американската поп пејачка Аријана Гранде. Детонациите биле силни, а потоа предизвикале и хаос меѓу посетителите кога тие се обиделе да ја напуштат салата.
Според очевидци и присутни на концертот се слушнале две силни експлозии, па затоа Британската полиција смета дека станува збор за бомби и случајот го води како акт на тероризам. Целиот простор околу познатиот мулти функционален комплекс е под полициска контрола која вечерва со специјални тимови и кучиња трагачи се обидува да отстрани дополнителни опасности.

https://youtu.be/ZUqniMUxmrE