Македонија доби нова олимписка надеж во таеквондистот Теодор Стојановски, кој направи сензација со освојувањето на сребрениот медал на Европското првенство за кадети во Тирана.
Членот на таеквондо клубот Бутел во категоријата до 49 килограми ги победи Хараламбос Хаџимаврос од Кипар, Јарослав Вечирко од Украина и Шон Џита од Велика Британија, а во финалето загуби од Нора Бранж од Франција.