Утрово имало голема акција во која се уапсени 17 припадници на затворската полиција, информираа од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Од ОЈО ГОКК најавија дека наскоро ќе има повеќе детали и соопштение.
Минатата недела во затворот Идризово имаше голема полициска акција и претреси со специјалци, птсетува Телма.
Тогаш беше потврдено дека се потрупани два тунели односно канали кои не се во употреба и за кои постоеле сомнежи за можно користење за бегство на затвореници.