Неколку парчиња внимателно одбрани шницли, малку вино, многу љубов и добивате феноменален фамилијарен ручек.
Ако не сакате да готвите сами, поделете ги обрвските. Така секогаш готвењето е побрзо и позабавно.
Потребни состојки
500 г телешки шницли
200 мл бело вино
малку сол, црн пипер
малку брашно
40 г путер
малку свеж магдонос (сечкан)
Начин на подготовка
Парчињата телешки гради ставете ги врз кујнска даска, помеѓу мрсна хартија за печење и со кујнски чекан исчукајте ги колку да добијат форма, но и са станат потенки.
Сите парчиња извалкајте ги во брашно, а одозгора наросете малку сол и црн пипер.
Во тава за пржење, растопете го путерот и пржете ги парчињата телешки гради. После околу 5 минути, свртете ги од другата страна. Кога се скоро готови, додадете вино.
Оставете ги на оган уште околу 5 минути или се додека не испари алкохолот од виното.
Наросете малку магдонос и сервирајте ги топли во комбинација со печен компир или друг додаток по желба.