По синоќешното соопштение, на неколку минути пред полноќ од Град Скопје, дека од утрово ќе се нормалозира превозот со автобусите на ЈСП, ситуацијата не е поразлична.
Автобуси немаше и тоа и на подолгите релации кои го поврзуваат едниот со другиот крај на главниот град, објави ТВ24.
Порталот пренесува дека според информациите, ЈСП се уште е без нафта.
Претпријатието кое има проблем со автобуси и има долгови не набавило нафта, велат за ТВ 24 од репрезентативниот синдикат.
Од Независниот синдикат, пак, се жалат дека повеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази.
Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.
ТВ 24 се обиде да стапи во контакт со директорот на ЈСП и со кабинетот на градоначалничката на Скопје, како градскиот превоз остана без нафта. Оттаму не одговориле на повиците и пораките.