ТВ 24: Екс бодигард на екс шефот на ДБК претепал жена пред полициска станица

Телевизијата ТВ 24 објавува дека екс телохранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков претепал женско лице пред очите на своите колеги полицајци.

ТВ 24 тврди дека инцидентот се случил минатиот викенд пред полициската станица Карпош. Според очевидците, телохранителот кој додека Мијалков бил шеф на ДБК вил во неговото обезбедување, ја нападнал жената со тупаници во главата.

Според изворите на ТВ 24 инцидентот се случил пред полициската станица во Карпош, каде жената дошла за  да пријави дека претходно била физички малтретирана од истото лице.
МВР за ТВ 24 потврди дека личниот обезбедувач на Мијалков од редовите на МВР е суспендиран, други детали не соопштуваат додека не заврши целата истрага.

 

Целата информација на ТВ 24