ТВ 21: Зборовна пресметка спроти локалните избори меѓу Касами и Таравари кој „колку тежи“, а кој ги „помешал бројките и равенките“

Во интервју за Радио Слободна Европа Билал Касами рече дека е оптимист оти сè уште има реални шанси Вреди да продолжи обединета, бидејќи, како што рече, вредноста на секоја партија е многу поголема како дел од коалицијата Вреди. Најголем губитник, според него, би бил тој што ќе излезе од Вреди. Зборовните пресметки меѓу партнерите во Вреди започнаа откако се отвори расправа како да учествуваат на локалните избори.“ – објави ТВ 21.

Натаму телевизијата истакнува: На прашањето за став околу ваквите зборови на Касами, Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците која официјално сè уште е дел од Вреди, накратко одговори: „Јазична грешка. Ги помешал бројките и равенките.“

Таравари даде сличен одговор пред неколку дена, откако Касами рече за Таравари дека, ако замине, „тогаш ќе биде нула, бидејќи бил нула и пред да влезе во коалицијата Вреди“. На ова Таравари одговори дека „се работи за јазична грешка кога устата повеќе зборува отколку што процесира мозокот“. „Мислам дека тоа не го мислеше со лоша намера, или едноставно го погреши зборовниот редослед во реченицата. Мислам дека изјавата на Билал Касами немаше лоша заднина.“ – заклучи шефот на АА.

Сите овие зборовни пресметки меѓу партнерите во Вреди започнаа, откако се отвори расправа како да учествуваат на локалните избори. Сите претседатели на партии сакаа да излезат со кандидати за градоначалник и заеднички листи за советници, освен Таравари, кој сака да настапи со посебни листи за општински советници.

Пред два дена се сретнаа лидерите на Вреди, но без конечна одлука. Беким Ќоку, како претставник на косовската партија на Албин Курти Самоопределување во рамки на оваа коалиција рече дека се уште се разговара за деталите и оти смета дека на локалните избори ВРЕДИ треба да излезе со листи и со заеднички кандидати.