Лазе Велковски во Бирото за јавната безбедност и Горан Николовски во тајната служба УБК е новиот двоец кој во наредниот период ќе ги водат двата најважни ресори во МВР.
Телевизија Телма денеска објавува дека добила потврда за предлогот кој согласно законот до владата го доставил и потпишал министерот Оливер Спасовски. Министерот не сакал да ги открие имињата но потврдил дека има предлог за денешната седница на влада.
Лазе Велковски во два наврати додека Спасовски го водеше МВР беше на чело на СВР Скопје а бил и дел од кабинетот на министерот Агим Нухиу. Најголемиот дел од кариерата го поминува во МВР, неколку години бил и во Агенцијата за разузнавање одкаде е вратен во МВР кога Спасовски стана министер.
Екс министерската Јанкуловска пред 6 години тврдеше дека Велковски како вработен во Агенцијата за разузнавање го пријавил нападот со шише врз автомобилот со кој Радмила Шекеринска се враќала од митинг во Прилеп во 2011 јавува Телма. Подоцна беше откриено дека нападот го пријавил обезбедувач на Шекеринска, а не новиот директор на Бирото за јавна безбедност.
Горан Николовски е вработен во УБК каде сега ја врши улогата раководител на одделот за контраразунавање за сектор Балкан. Николовски доаѓа на местото на Владимир Атанасовски досегашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање