Ова беше одговор на новинарско прашање на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по синоќешната средба на коалицијата ВРЕДИ на која беше констатирано дека нема несогласувања внатре во коалицијата и дека таа останува компактна и обединета.
Сепак останува нејасно дали коалицијата ќе се натпреварува со заеднички листи, како единствен субјект, на претстојните локални избори.
Запрашан денеска како ќе соработуваат на изборите и какви се односите на коалицијата, Таравари денеска изјави дека преговорите продолжуваат и дека јавно ќе излезат со своите ставови.
Во меѓувреме, тој демантираше дека има средби со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
А, на новинарско прашање дали ќе се сретне, тој кусо одговори „Не“.
Беким Ќоку од ВРЕДИ по средбата демантираше дека имало некакво несогласување и рече дека Таравари продолжува да биде дел од коалицијата.