Таравари: Во странство се лекуваат уште 47 пациенти по пожарот во Кочани

Од бвкупно повредени 193 пациенти во трагедијата водискотеката во Кочани , остануваат уште 57 кои се лекуваат во болници во странство и во земјава.

„ Еден пациент се враќа денеска од Унгарија, па ќе останат четириесет и седум пациенти во странство“, информираше денеска минстрот за здравство Арбен Таравари.

Деветмина остануваат на лекување во Скопје: Двајца се моментално на Клинички, на Пластична хирургија, четворица се во Свети Наум Охридски, еден пациент во ГОБ ‘8 Септември’, а останатите се лекуваат во приватни болници.

Сите паценти се во стабилна состојба, освен двајца кои и натаму се во критична, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.