Таравари би ги разрешил економските директори на клиниките уште првиот ден

Стручни директори кои компетентно ќе ја издигнуваат и водат Клиниката, концептот за кој секогаш се залагав е дека мора да се вратиме на стариот систем пред Клинички центар да биде поделен на 32 единици, вели професор Беќаровски за актуелните состојби во здравството денес и можниот излез.

„Дека економските директори донесоа економско лудило по клиникиве. Повеќе не се гледа квалитет, значи вие не може да побарате, неколку пати престојував во Словенија и во Шведска, таму кога се бира апарат, не го бира ниту директор ниту комисија, се носи апаратот го гледаат колегите кажуваат овој апарат е добар овој апарат е лош. Кај нас сакаме да требуваме гастроскоп, одлучува комисија во која што некогаш има доктор некогаш нема доктор, економски директор кој гледа да склучи некој дил со некој за нешто што потоа тотално не одговара“, професор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија.

На прашањето дали верува дека политичките партии навистина ќе имаат сила и капацитет да ги надминат ваквите состојби во здравството, Таравари со став:

„Мислам дека прва задача, првиот ден, било која да биде министер и јас ако бидам, да се разрешат тие економски директори. Во 2017 јас тоа го почнав и ги разрешив 95 % од еконоомските директори и мислам дека не ни треба тој луксуз“, вели др. Арбен Таравари.

Кои беа клучните пораки од денешната панел дискусија што ја организираше Граѓанската сила „Замисли“, со поддршка на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и Европската фондација за демократија – ЕЕД, прочитај на следниот линк: