Талат работи и во недела навечер, закажана седница за избор на влада

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера пред полноќ преку  неговиот кабинет објави дека за во вторник закажува седница на парламентот на кој што треба да се избере новата влада.
Седницата е закажана откако мандаторот за состав на владата Зоран Заев, во недела доцна навечер до Собранието поднел предлог за состав на Владата на Република Македонија и Програма на Владата на Република Македонија.

„Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот, за избор на владата на Репулика Македонија“, се вели во соопштението на Кабинетот на претседателот на Собранието.

Сеуште не е познато дали на оваа седница ќе биде присутна пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ за која Талат Џафери е нелегитимен спикер на парламентот.