Претседателот на Собранието Талат Џафери побарал од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го казни припадникот на собраниското обезбедување кој вчера не ја спроведе неговата наредба за бркање на пратеникот Влатко Ѓорчев од собраниската говорница.
Припадникот на собраниското обезбедување кој е вработен во шестата управа на МВР која што има задача меѓу другите објекти и личности да го обезбедува парламентот од денеска е суспендиран, објавува телевизијата ТВ21 која цитира свои извори во Министерството за внатрешни работи.
Членот на обезбедувањето на Собранието е казнет затоа што откако Џафери повика пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев да биде отстранет од говорницата тој не се обиде физички да ја спроведе наредбата затоа што веднаш на говорницата излегоа пратениците Илија Димовски и Антонио Милошоски.
видеото од инцидентот може да се види тука
Првите денови во спикерската фотелја Џафери предизвика критики откако во својот кабинет ги прими членовите на организацијата „Република Илирида“.
за овој инцидент читај тука