СЈО повторно одбиено од Кривичниот суд за случајот „300“

Кривичниот суд Скопје минатата недела го отфрлил барањето за замрзнување на имотот на помошник-министер за јавни набавки во МВР осомничен во предметот „300“ на СЈО.

Судијката Јелена Јосифовиќ, го одбила барањето на Катица Јанева, а решението до СЈО е донесено дури денеска. ОД Специјалното обвинителство најавуаваат жалба на ваквата одлука. .

Според истрагата на СЈО  осомничениот помошник-министер ја злоупотребил својата службена положба и ја оштетил државната каса за над 450 илјади евра за набавка на 300 нови возила за полицијата.

фото: академик.мк