СЈО негира дека бил украден клуч од домот на судијата Панчевски(ВИДЕО)

Специјалното јавно обвинителство најостро ги демантира обвинувањата на судијата Панчевски дека при претресот на СЈО во неговиот дом истражител му го украл клучот.

„Сите дејствија преземени во рамки на предистражната постапка за време на претресот во домот се документирани, се снимаат видео и аудио, за одземените предмети се составува записник за привремено одземени предмети кој го потпишува и лицето во чиј дом е извршен претресот. По целосна анализа на материјалите ќе излеземе и со официјален став за ваквите наводи кои ги демантираме во целост“, велат од СЈО, пренесе 24 Вести.

СЈО со налог издаден од Основниот суд во Гевгелија влезе во домот на Панчевски, а претрес изврши и во неговата работна канцеларија во Кривичниот суд.

Алфа ТВ синоќа објави и снимка од безбедносната камера во дом на Панчевски врзоснова на која тој тврди дека се случила кражбата.

Тој во петокот, во полиција пријавил дека од службено лице кое вршело претрес во неговиот дом е извршена кражба.

Судијата Панчевски обвини дека СЈО му го украло домашниот клуч при претрес на неговиот дом