Специјалното јавно обвинителство денеска во својство на осомничен го пречека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
Екс шефот на тајната полиција во СЈО дојде на распит за еден од трите предмети кои што обвинителство ги има покренато против него и негови партиски и владини колеги.
Тој е осомничен во случајот „Таргет“ за масовно незаконско прислушување на граѓани, политичари, новинари и бизнисмени во УБК, како и во случаите “Трезор“, и „Тортура“.
Поранешниот директор на УБК во СЈО пристигна заедно со адвокатот Љупчо Шврговски кој што е поранашен прв човек на Јавното Обвинителство.
Според СЈО во случајот „Трезор“ е покрената истрага против три раководни лица од УБК и едно раководно лице од МВР, кои се сомничат дека прибавиле имотна корист за правно лице регистрирано како „Финзи“ во вкупен износ од над 53 милиони денари, или над 862.000 евра.