Во пожарот што во саботата избувна во областа Педрогао Гранде во Потугалија загинаа 62 лица, многу се повредени, а зад огнената стихија останаа сцени кои се веројатно најблизу до нашите замисли за Апокалипса. Еве како изгледаше просторот по гаснењето на пожарот и во време на увид на полициските и судските тимови.