„Судството и обвинителството рак-рана на Македонија“: Каракамишева со лек за болеста наречена 3 отсто граѓанска доверба

Професорката по уставно право Тања Каракамишева со сет предлози за „рак-раната на Македонија“, како што ги нарекува судството и обвинителството.

„Судството и обвинителството како рак-рака на Македонија. Законските решенија и вечните реформи не се лек за болеста наречена 3 отсто граѓанска доверба. Наместо дебати за вртење во круг предлагам:

– јакнење на институционалните капацитети за обезбедување внатрешна судска независност,

– јакнење на капацитетите на телото за контрола на судската етика и на Здружението на судии,

– засилена контрола врз работата на секој судија и обвинител од страна на Судскиот и Обвинителскиот совет, кои треба сериозно да се реформираат,

– стриктно почитување на Бангалорските принципи во судското однесување,

– засилување на интегритетот на судиите и на обвинителите и отстранување на поданичката култура,

– ‘црни листи’ за судиите и за обвинителите кои работат неетички, неодговорно и противзаконско/ кривична одговорност,

– целосна дигитализација на судските постапки со воведување ‘тракер’ на предметите и можност секоја заинтересирана странка да има целосен увид за текот на предметот,

– забрзување на постапките и целосна примена на судската пракса на ЕСЧП во системот.

Владеење на правото!“, порача Каракамишева на социјалните мрежи.