Судот во процес против предизвикувачите на инцидентите во Собранието

За утре во Основниот суд во Скопје 1 е предвиден почеток процесот односно повеќето процеси против предизвикувачите на инцидентите во македонското собрание на 27 април годинава. Од 30. обвинети кои во деновите по крвавите настани беа приведени, во петок ќе бидат изведени 9 од осомничените пред судот и ќе одговараат за учество во толпа и за обид за убисто.



Дел од ескпертската јавност во земјава смета дека Судот веднаш треба да ги преквалификува делата за кои ќе бидат судени овие 30, но и сите други што дополнитело ќе бидат осомничени. Инаку МВР до сега обезбеди дел од предизвикувачите на немилиот настан, а дел допрва треба да бидат обезбедени.