Лидија Мугамбе, 50-годишна судијка на судот на ОН, беше осудена на шест години и четири месеци затвор откако принудила млада жена да работи како робинка во Обединетото Кралство, пишува Гардијан.
Судијката беше прогласена за виновна за злоупотреба на својот статус во однос на млада Уганданка на „екстремно дрзок начин“ додека студирала докторат по право на Универзитетот во Оксфорд.
Мугамбе, кој е и судија на Високиот суд на Уганда, ја спречила жената да остане вработена со полно работно време и ја принудила да работи како нејзина слугинка и да се грижи за децата, соопштија обвинителите.