Судијката Џенета Бектовиќ е избрана за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедниците, кои се помалку од 20 проценти од населението во државата.
Бектовиќ доаѓа од Основниот кривичен суд Скопје и беше единствен кандидат, ојави Фокус.
Според Комисијата за спроведување на избори на член на Судскиот совет, согласно сумираните резултати врз основа на записниците од изборните одбори, Џенета Бектовиќ добила вкупно 287 гласови.
Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата.
Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда.
Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.