Општината Струмица вчера реагираше на објава од Управата за хидрометеоролошко работи на фејсбук која според општината е тенденциозна и има политичка заднина. Општината истакна дека фотографијата со која се илустрираат последиците од невремето е лажна, односно дека не е фотографирана во Струмица, ниту пак дека соодветствува со вистината.
– Заради објективно и вистинито информирање бараме од Вас во најкус можен рок да ја тргнете информацијата и фотографијата под наслов „Брза поројна поплава на 25.05.2017, 71 литар дожд на квадратен метар Струмица, Македонија“.
Имено, фотографијата која сте ја објавиле воопшто не е од Струмица, ниту пак прикажананото на неа соодветствува со вистината. Надлежните служби на општина Струмица во изминативе 24 часа веднаш реагираа и таму каде што имаше проблеми од големите врнежи последиците беа веднаш отстранети – реагираа од општината.
Директорот на УХРМ Оливер Ромевски кој е кадар на ГРОМ на Стевче Јакимовски сеуште не реагираше на обвинувањата од општина Струмица.