Група неидентификувани лица се судриле со полициските сили нешто по полноќ во областа Егзархија во центарот на Атина.
Според јавниот радиодифузен сервис ЕРТ, насилството избувнало кога групата наводно ја нападнала локалната полиција со молотови коктели и камења, јавува Катимерини.
Како одговор, полицијата употреби солзавец и трепкачки гранати за да ги растера напаѓачите.
Судирите траеле околу еден час, при што биле запалени неколку автомобили.
Според полицијата, приведени се 72 лица, а еден полицаец е повреден.
Дополнително, при судирите опожарени се 21 возило, од кои пет се целосно уништени, а пријавена е и штета на куќа и продавница.