Во судар меѓу патнички и товарен воз во чешко Пардубице доцна синоќа загинале четири лица, а 23 се повредени, јавуваат чешките медиуми.
Соопштено е дека брзиот воз од Прага до Словачка Кошице, со околу 200 патници, се судрил со товарен воз во Пардубице, на околу 100 километри источно од главниот град на Чешка.
Портпаролката на локалните спасувачки служби изјави за чешката телевизија дека има и тешко повредени лица.
Според објавените фотографии и видеа, возовите директно се судриле, а најмалку еден вагон од патничкиот воз излетал од шините и делумно се превртел.
Моментот на судирот го снимила надзорната камера.