Студот зеде 54 жртви низ Европа, главно бездомници

Сибирскиот бран кој во последните денови го зафати Континентот, одзеде најмалку 54 човечки животи, а обилните снежни врнежи ги парализираа аеродромите и сообраќајот, пренесе Франс прес.

Според податоците на АФП, најмногу жртви на необичното студено време има во Полска – 21 лице. Во Чешка има 6, во Литванија 5, во Франција и во Словачка  по 4, најмалку три во Шпанија, по две во Романија, Србија и Словенија и по еден поинат од последици од студот во Холандија, Англија и Шведска.

Многу од починатите се бездомници. Портпаролката на полската Влада, изјави за АФП дека со регистрираните жртви во последните 24 часа бројот на починатите поради лошото време во земјата од ноември досега порасна на 61 лица.