Пред голем број на гости, со богата културна програмаденес и официјално се отвори „СИМБОЛ” новиотмалопродажен парк во Струмица. Овој современ објектсвечено го отворија сопственците и инвеститорите г. Кирил Гогов и г. Александар Ричлиев во присуство наградоначалникот г. Костадин Костадинов.
Изграден и организиран според највисоките стандарди заваков вид на комерцијални објекти, малопродажниот парк„СИМБОЛ“ се очекува да биде повеќе од само дестинацијаза шопинг и да понуди искуство кое ги спојува врвнитебрендови, модерниот начин на живот и забавата на едноместо!
„Денес е голем и значаен ден за мене и господинотАлександар Ричлиев.
Со заедничка визија и желба го изградимвме овој комплекс, кој денес стана реалност.

Планот за реализација требаше да се одвива во две фази, но морам да истакнам, со големиот интерес на фирмитеда бидат дел од проектот, одлучивме да го изградиме воцелост.
Горди сме што вакви реномирани брендови, како странски,така и домашни, без двоумење веднаш се вклучија вопроектот и со нивното присуство денес слободно можемеда кажеме дека Струмица добива еден нов лик кој ќе бидесиноним за модерно купување во регионот.
Сакам да се заблагодарам и на општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов за одличнатасоработка.
Голема благодарност кон сите изведувачи вклучени во овојпроект, кои несебично со своето знаење и професионаленпристап придонесоа да успееме овој комплекс да гоизградиме за девет месеци.
Очекувам во иднина СИМБОЛ Малопродажен Парк дастане место за уживање и да ги задоволи потребите насите генерации“. изјави пред присутните, сопсвеникот и инвеститорот на овој репрезентативен објект г. Гогов.

Објектот е изграден на површина од 30.000 м2, со модернаинфраструктура, максимална фунционалност, достапен запосетителите од различни делови на Струмица и околнитенаселени места, со соодветен паркинг и квалитетен микс одреномирани брендови.
„Горди сме што успеавме да го донесеме светот и светските брендови во Струмица, овозможувајќи нанашите сограѓани пристап до врвни производи и услуги безпотреба од патувања и дополнителни трошоци.
Со реализација на проектот, се отвораат од 150 до 200 нови работни места за младите од нашиот град, создавајќи можности и перспективи тука, во Македонија.



Овој прв малопродажен парк надвор од Скопје е самопочеток и се надевам дека ќе биде инспирација замакедонските инвеститори да вложуваат во нашатаземја, со што ќе придонесеме за економски развој на државата.
Изјави, г.Ричлиев сопственик и инвеститор на малопродажниот парк “ СИМОБОЛ”
Од меѓународните брендови, меѓу кои повеќето, за прв пат во Струмица, во СИМБОЛ се присутни: JYSK, KFC, New Yorker, Sinsay, dm drogeriemarkt, Sport Vision, Sport Reality, Skechers, Play Park и Top Shop.
Од домашните компании, свои продавници отворија: Сетек, Зегин, Schatze Parfimerii, Сара Фешн, Мега Фешн, Дуки Дасо, My Time, Оптика Сфера, Oфис Плус и TSJ Silver.
“СИМБОЛ е резултат на внимателна повеќегодишна анализа и ги отсликува реалните потреби на жителите наградот Струмица и околината. Исполнети се сите предуслови за максимално успешен проект: извонредна локација, домашни инвеститори со визија, 100% изнајмен простор“ изјавија од Cushman & Wakefield | ФОРТОНМКА, стратешки консултанти и ексклузивни агенти за проектот.
“СИМБОЛ“, е новиот симбол и обележје на Струмица, создаден за уживање во најдоброто од модата,гастрономијата, технологијата и домот!