Струмица и општина Карпош ја напуштаат ЗЕЛС!?

Општина Струмица се повлекува од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), објави градоначалникот Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил.

Слична намера изрази и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој изјави дека ќе го следи примерот на Струмица и ќе ја напушти ЗЕЛС.

Во поткаст емисија, Јакимовски изјави:

„ И Општина Карпош ќе ја напушти ЗЕЛС. Подолго време планираме да се откажеме, бидејќи ЗЕЛС не ги оправдува нашите очекувања и функционира како партиски инструмент“.

Според него и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, треба да го направи истото, бидејќи Скопје е главниот финансиер на ЗЕЛС, а не добива соодветна корист.