После неуспешниот обид Комерцијална банка АД Скопје да ги купи сите акции со право на глас на Стопанска банка АД Битола, Стопанска банка е избришана од листата за набљудување на Берзата.
Банката беше ставена на листата поради понудата, но е избришана пред три дена, на 27.09.2024 година.
-Берзата изврши бришење на издавачот Стопанска Банка АД Битола од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за преземање на Друштвото.
Стопанска банка АД Битола беше внесена во листата за набљудување на 5. август оваа година, согласно од Правилата за котација. Меѓутоа сега по завршување на постапката, таа е избришана.