Столе со најголемата и најзначајната подршка

    Масовна поделба на емоции на сите страни во Македонија, но и на сите делови во светот каде што живеат наши луѓе.  Епицентарот на радоста е секако Келн каде што Вардар попладнево ја победи Барселона со 26:25 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.

Ноќта во пресрет  на финалето и дуелот со ПСЖ секој од нашите момци гледа да го мине во најпозитивното опкружување. Освен клупските колеги тука се и најблиските како во случајот на пикерот Стојанче Стоилов. Тој по мечот во Келн се релаксира со мајка му, татко му, брат му и девојката.