„Фејсбукот ме потсети на реакција од пред 4 години кога Венко Филипче во изборна кампања ветува дека ќе продолжат “како до сега” ама “уште пожестоко”, вели во објава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој потсетува на периодот кога Венко Филипче, денеска лидер на СДСМ, беше министер за здравство.
„И денеска стојам на ставот дека нема поцрни денови за македонското здравство од периодот на Венко Филипче.
*Милионски Крвави тендери за приватизација за анализа на крв,

 

*играрии за приватизација на Итната помош,

*тендери кои што партнерка ги делеше на нејзиниот татко,

*трговец со влијанија за рекетирања (Рекет2) со киснење кај Боки13,

*прв ортак со Ден Дончев за Диамед,

*наместо Клинички изгради Касарна на Водно,

*со неговите директори градат Шпанско село на Водно,

*ја заглави Штипската болница,

*ги остави докторите без заштитна опрема,

*короната ја дочека без тестери,

*ја уништи Детската кардиохирургија,

*снимаше лажни постери за вакцинација со внука му,

*ги изигра докторите, специјализантите и медицинскиот персонал,

*ја растури Комисијата за заразни болести…

*Македонија ја остави без вакцини за корона, стана држава со најголема смртност по глава на жител

*барани се дебели провизии за вакцини за корона преку фантом фирми

*градеше модуларни без стандарди и каде не треба

*обвини кабел кога живи луѓе, пациенти изгореа во модуларна болница

*негов директор го изгаси системот на Онкологија, па тргна криминалот “водичка место терапија”

*медицински персонал фатен во кражба на цитостатици вратен на работа

*нема казна за докторот што на диво извади органи на родилка

*почина пациент на којшто со години му ветуваше Трикафта

*во болниците нема основни лекови, купени скапи апарати не се ставаат во употреба

*на Хирургија со месеци нема операции, колабира сиот терцијален здравствен систем

*и многу други скандали поврзани со “Луј Витон” средби и “рекетарски консултации”.

Имајќи го ова предвид, претпоставувам како ќе делува тој следниот период во СДС.Оваа листа ја објавувам со помисла дека можеби во СДС ќе се побараат одговори од новиот им претседател, барем оној дел што не свитка кичма пред “изборниот капацитет” на Мадиќ.

Се додека не се расчисти внатре во СДС таа партија ќе тоне се подлабоко.Како до сега, на ист начин, уште пожестоко“, напиша Стоиловски на Фејсбук.