Ги видовме извештаите и нема да коментираме за тековна истрага, изјави Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали спикерот на Собранието Африм Гаши треба да сноси политичка одговорност за инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово Вјоса Османи минатата недела, пренесе „Гласот на Америка (VOA).
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека шефот на обезедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот, дури и репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани таму, барајќи одговор зошто се инсистирало косовската претседателка да помине низ безбедносна контрола на аеродромот.
Не било прв пат обезбедувањето на Вјоса Османи да прави инцидент на скопскиот аеродром
Гаши рече дека го пратил обезбедувањето да ја смири ситуацијата.
Каква порака испраќа однесувањето на спикерот во однос на политичкиот протокол и дипломатијата, од прес-службата на Стејт департментот кусо одговорија:
„Ги видовме извештаите и нема да коментираме за тековна истрага“, се вели во одговорот на Гласот на Америка