Старите предрасуди да запрат- Владата не смее да биде „ваша и наша“

Реакциите на македонската јавност во врска со кандидатите за министри покажуваат дека Македонија сеуште не е подготвена за граѓански поглед на политиката.

За разлика од албанските медиуми и јавни личности кои својот став речиси исклучиво го искажуваат за своите кандидатие за македонскиот дел од јавноста главна тема се албанските кандидати особено тие на ДУИ.

Голем дел од неутралните па дури и водечки луѓе на левицата како екс шефот на „Сорос“ во Скопје Владимир Милчен го критикуваат изборот на ДУИ за министри притоа заборавајќи да ги анализираат кандидатите на македонскиот дел од владата односно на СДСМ.

Сосема е коректно да се каже дека Рамиз Мерко поради своето непознавање на светски странски јазици не смее да биде министер за привлекување на странски инвестиции. Точно е и дека Бујар османи со проблематиката поврзана со Европската Унија е целосно неспоив како што е нејасно што ќе работи  поранешниот новинар Роберт Поповски во владата како министер без ресор.

Но кога веќе се даваат вакви анализи за пратениците на ДУИ тогаш треба да се биде реален и да се спомене  дека и за дел од кандидатите на СДСМ според досегашните резултати и кариера не заслужуваат да бидат дел од владата.

Дури и за Радмила Шекеринска која што беше носител на процесот на процесот на европска интеграција и е најзаслужна за добивањето кандидатски статус во 2005 година реален аналитичар може да каже дека по поразот на нејзината партија во 2006 година и по нејзиниот катастрофален пораз како лидер на изборите во 2008 година треба да даде шанса на други имиња кои што неспорно СДСМ ги има.

Друг посоодветен пример за продолжување на принципот „Вашите не чинат – нашите се најдобри“ е Аднан Ќахил за кого никој ниту од левицата ниту од десницата не кажа било што а тој едно време беше дел од владата на Груевски. Иако јавноста не го памети по ниту еден корисен проект за земјата Ќахил сега како реформско решение кое што треба да ја промени Македонија.

Најинтересен е односот на приврзаниците на ВМРО – ДПМНЕ кои што ги критикуваат и едините и другите иако до вчера беа во коалиција со ДУИ и добро ги знаат капацитетите и кадровските решенија на екс партнерите. А притоа се забораваат катастрофалните кадровски решенија во последниве 12 години.

Она што Македонија ќе мора во иднина да научи да дава шанса на сите кои што досега немале шанса да ги покажат своите квалитети кога е во прашање Македонија, а тие што таа шанса не ја искористиле да бидат тргнати настрана затоа што како што покажа историјата од повторувачи Македонија досега аир не видела.

Формирањето на новата влада е добра шанса да се намали јазот на наши и ваши освен ако нејзиното етаблирање не е само уште еден чекор кон дефинитивно создавање на две општества, наше и ваше.