Стара фотографија со вонвременска порака: Жива е Македонија

Фотографијата од почетокот на минатиот век, која Наталија Кичеец ја постира на својот профил на „Фејсбук“ во октомври минатата година, ја сподели новинарката Емилија Гелева.

„Убајна !!! Очи не тρнав од фотогρафијава !! ((((( Гоρна Џумаја, Гоρна Џумаја )))) со ехо ми е од детство… κолκу пати сум слушала во мојов дом, почнувајќи од дедо ми… абρе м’жишча Маκедонци!!! А не шчипиκуρци“, пишува Наталија Кичеец под старата фотографија со вонвременска порака „Жива е Македонија“ на неа.

Горна Џумаја е град во Пиринска Македонија, кој во 1950 година е преименуван во Благоевград во чест на еден од основачите на социјалистичкото движење во Бугарија, Димитар Благоев-Дедото, познат по изјавата „Јас сум родум од Загоричане (Костурско, Егејска Македонија – н.з.), меѓутоа јас не сум Бугарин, јас сум Македонец, Македонски Славјанин! …И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како словенска земја, која ќе има сопствена управа“, дадена во бугарскиот Парламент во 1917 година.

Во овој град е родена и Катерина Трајкова Нурџиева, внука на македонскиот револуционер Гоце Делчев.