Еден од најпознатите светски хирурзи за естетска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“, успешно ја заврши операцијата на промена на пол што е прва ваква хируршка интервенција во Македонија. Интервенцијата беше изведена во рамките на Симпозиумот за генитално -реконструктивна хирургија кој од последниве 3 дена се одржува во Скопје.
– Ова е прв пат да се изведе една ваква операција на овие простори. Можам да кажам дека условите се фантастични, дека колегите едноставно даваат неверојатна потпора. Денес правевме операција каде кај пациентот маж направивме женски гениталии. Во 4-5 часа, колку што траеше операцијата, успеавме да формираме женски полов орган, рече доктор Мирослав Ѓорѓевиќ, еден од најпознатите светски хирурзи.
Српскиот експерт вели дека пациентот односно сега веќе пациентката ќе има нормално задоволство при секс затоа што со операцијата која траела 4 часа добил вагина, клиторис, големи и мали усни. За неговата фела најважно е и при преминот од машко во женско и обратно, задоволството да биде комплетно.
Пациентката својот пол ќе може да го испроба во сексуална средина за 5 дена кога ќе ја напушти болницата.
Проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, еден од најпознатите светски хирурзи во хирургија на машки и женски гениталии кој работи на Универзитетската детска клиника во Белград, досега направил повеќе од 1500 операции на промена на полот.